Еврејски лидер ги критикуваше нападите врз џамиите

by Administrator

Претседател на Советот на Централниот еврејски комитет во Германија Јозеф Шустер, еден од најеминентните еврејски лидери во таа земја, предупреди на пораст на нетолеранцијата и насилството врз верските малцинства, имигранти и баратели на азил во Германија, јави агенцијата Анадолу (АА).

– Скандалозно е што се повеќе и повеќе џамии се вандализирани со слогани на омраза
или цели на напади во голем обем – изјавил Шустер во обраќањето на церемонија во синагогата во Берлин по повод 80-годишнината од Kristallnacht (Кристалната ноќ), прогонот на германските и австриските евреи која ги инспирирал и како “спонтани демонстрации”, организирала нацистичката партија.

Тој изрази загриженост во врска со зголемувањето на ксенофобичните напади во последните години, чија цел е често Евреи, муслимани, имигранти и бегалци.

– Таквите инциденти, кои се случуваат во Германија во 2018 година, се срам се за нашата земја – изјавил Шустер.

Тој ја обвини крајно екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) за поттикнување омраза кон барателите на азил и муслиманите.

Во последниве години, во Германија се зголемува исламофобијата и омразата кон мигрантите предизвикани од пропаганда на екстремно десничарски и популистички партии кои за политички цели го искористија стравот на граѓаните од бегалската криза и тероризмот.

Според официјалните податоци, околу 950 муслимани и муслимански институции биле цел на напади во 2017 година.

Најмалку 33 муслимани се повредени во овие напади, вклучувајќи и напади муслиманките кои носат шамии и напади врз џамии и други муслимани институции и организации.

You may also like