ЕВЕ КОЈ ПРОФИТИРА ОД ПРЕВРАТОТ ВО СИРИЈА: Нетанјаху го откажа договорот за границата со Сирија од 1974 година и ја окупираше Голанската висорамнина

by Administrator

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди денеска, по падот на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, дека и наредил на армијата да ја преземе контролата врз тампон зоната Голан, на југозападниот дел на Сирија, на работ на делот од оваа висорамнина која ја окупира и анектира Израел.

Исто така, дадена е наредба да се преземе контрола врз соседните стратешки позиции, од северо-источниот дел на окупираниот Голан и набљудувачката станица што гледа на оваа власт, рече Нетанјаху.

Израел зазеде дел од Голан од Сирија за време на арапско-израелската војна во 1967 година, пред да ја анектира територијата во 1981 година. Оваа анексија не е призната од ОН, кои во 1974 година ги испратија своите сили во тампон зоната за да го надгледуваат прекинот на огнот.

Тој договор со Сирија повеќе не е валиден по офанзивата на бунтовниците со која заврши половина век владеење на семејството Асад во Сирија, рече Нетанјаху, додавајќи дека Израел „нема да дозволи никаква непријателска сила да се воспостави на границата“.

Армијата соопшти дека била распоредена на неколку клучни точки со цел да се одбрани и да се обезбеди безбедноста на заедниците на Голанската висорамнина и на израелските граѓани.

(ТБТ)

You may also like