Додик со порака на сочувство до Ердоган: „Нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите и повредените“.

by Administrator

Милорад Додик, член на Претседателството на БиХ во заминување, лидер на СНСД, и, како што наведува во својот статус на Твитер „во својство на новоизбран претседател на РС“, испрати зборови на солидарност по експлозијата што се случи денеска во истанбулски Таксим.

– Во својство на новоизбран претседател на Република Српска, целосно го осудувам ужасниот бомбашки напад во Истанбул на улицата Истиклал, кој однесе многу животи, а уште повеќе беа повредени. Нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите и повредените, напиша Додик на својот официјален профил на Твитер.

You may also like