Две лица од Косово приведени на „Ќафасан“ поради фалсификувани патни исправи

by Administrator

На граничниот премин „Ќафасан“, вчера околу пладне, при пасошка контрола, било констатирано дека шенген визите кои било во патните исправи на две лица од Косово биле фалсификувани.

– Станува збор за 32-годишниот Ј.Р. и 26-годишниот Г.С., двајцата од Косово. Во 15:30 часот лицата биле предадени на полициски службеници од Полициската станица во Струга, а потоа се задржани во СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: Ohridpress.com.mk/МВР фото: архива

You may also like