Две лица загинаа при уривање на авион за обука во Бурса

by Administrator

Авион за обука се урна денеска во станбена област во северозападната турска провинција Бурса. Во несреќата загинале инструктор по летање и пилот приправник. Едномоторниот авион се урнал во реонот каде што се наоѓаат станбени згради, а засега нема информации за жртви на теренот.

Пожарникарите биле на терен, а бидејќи пожарот избувнал меѓу зградите каде што паднал авионот, јавува АА. Присутни биле и полициски службеници и членови на Канцеларијата за управување со катастрофи и вонредни состојби во Турција (АФАД).

balkannews

You may also like