Двајца охриѓани претепале брачен пар по вербална расправија за сообраќајка

by Administrator

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.М.(20) и В.М.(28), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, информира МВР.

На 18.08.2019 во с.Пештани, по претходна вербална расправија во врска со сообраќајна незгода, пријавените физички ги нападнале А.Д. и неговата сопруга, при што им нанеле тешки телесни повреди.“

You may also like