Грција: Големи протести против вакцината и задолжителната вакцинација во Солун

by Administrator

Кусо пред почетокот на говорот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во рамките на Меѓународниот саем во Солун, во центарот на градот се случија инциденти меѓу демонстрантите и полицијата на протестот против вакцината и задолжителната вакцинација, јави дописничката на МИА од Атина.

Anti Covid vaccine protesters clash with police in Greece | eKathimerini.com

Вчера во Солун, се одржаа шест различни протести, на различни локации, организирани од синдикатите, од левичарско – анархистички организации, луѓето против задолжителна вакцинација, а ангажирани беа над 5.000 полицајци.

Протестите завршија мирно, со исклучок на оној против вакцината и задолжителната вакцинација.

Anti COVID vaccine protesters clash with police in Greece | Reuters

Меѓународниот саем во Солун се одржува традиционално секоја година во септември и е домаќин на странски изложувачи, со учество на земји од целиот свет, странски и домашни политичари и слично, а официјалното отворање е со говор на премиерот на Грција, кој ја соопштува владината програма и следните планови.

Традиционално, на првиот ден од саемот синдикатите одржуваат протести.

Саемот започна денеска и ќе трае до 19 септември.


Nova Tv

You may also like