Големи проблеми во Исланд: Вулкан му се заканува на главниот град

by Administrator

По една недела интензивна сеизмичка активност и ерупција на вулкан на Исланд кој создаде пукнатина долга 3,4 километри која исфрла лава со брзина слична на полнење на олимписки базен на секои 30 секунди, метеоролозите сега стравуваат од нова опасност – ширење на високотоксични гасови.
Имено, сулфур диоксидот кој до сега дува над дивината, поради промена на правецот на ветерот, би можел да се пренесе и над главниот град Рејкјавик, кој се наоѓа на 40 километри југозападно.

Ерупцијата започна во понеделникот вечерта на југозападниот дел на Исланд во Хагафел, кој се наоѓа на полуостровот Рејкјанес, како што соопшти државната метеоролошка служба.

Пред ерупцијата, властите евакуираа 3.800 луѓе од блискиот рибарски град Гриндавика поради зголемената сеизмичка активност и повеќе од 230 регистрирани потреси. До вторник наутро, протокот на лава се намали бидејќи долгата пукнатина почна да се консолидира во кратери.

Вулканската експлозија веќе ги надмина очекувањата на научниците.

Одделот за истражување на вулканологија и природни опасности на Универзитетот во Исланд покажа дека млазниците од магма достигнуваат висина од 100 метри.

Лавата напредувала со брзина од 1 км на час, а вулканот испуштил облак од сулфур диоксид, десет пати поголем од претходните ерупции во Исланд.

Во вторникот имаше стравувања дека промената на правецот на ветерот од северозапад кон југозапад може да доведе до загадување со сулфур диоксид во Рејкјавик.

Метеорологот Ејнар Свејнбјернсон изјави за исландскиот Канал 2 дека „нема сомнеж дека луѓето ќе го почувствуваат тоа“.

Метеоролозите сугерираат дека загадувањето од безбојниот и остар гас може да предизвика благи респираторни непријатности и потенцијално да резултира со кисели дождови, иако не на нивоа штетни за луѓето или за земјоделството.

Исландската метеоролошка служба соопшти дека „може да се открие загадување со гас“ во главниот град, но не посочи дека ќе има сериозно влијание.

И покрај загриженоста, поголема штета во моментов предизвикува лавата кај Гриндавик. Внимателно се следат импровизирани брани од лава во близина на геотермалната централа Сварценги. Аеродромот Кефлавик, на помалку од 10 милји, остана отворен, иако беа пријавени одредени доцнења.

You may also like