ГОЛЕМА ШТЕТА: Околу 43 илјади луѓе во Франција останаа без работа, заради протестите на “Жолтите елеци“

by Administrator

Околу 43.000 луѓе во Франција ги загубија своите работни места заради протестите на “жолтите елеци”, кои започнаа во таа земја на 17 ноември, објави Анадолу Агенција (АА).

Според француското Министерство за економија, многу компании претрпеа огромна материјална штета поради протестите на “жолтите елеци”.

Се тврди дека околу 43 илјади граѓани останале без работа со што на земјата и е нанесена штета од околу 28 милиони евра.

Агнес Панние-Рунахер, државен министер за економски прашања изјави дека заради протестот забележано е 25% намален промет на стоки во трговијата .

За време на протестот имаше 10 смртни случаи, а 4.341 лице беше притворени, додека повредени беа повеќе од 1.000.

Анти-владините протести на “жолтите елеци” најмногу влијае на падот економскиот раст, како и трговските војни што се случуваат во светот, и кои предизвикаа недостаток на деловна безбедност во многу земји.

Движењето “жолту елеци” е именувано по безбедносниот флуоресцентен елек, кои во сите автомобили мора да ги имаат возачите во Франција.

Протестите започнаа во средината на ноември против најавеното зголемување на даноците на гориво.

Извор:faktor

You may also like