Германскиот канцелар Олаф Шолц на 14 март во посета на Турција

by Administrator

Германскиот канцелар Олаф Шолц на 14 март ќе престојува во официјална посета на Анкара, главниот град на Република Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).

Новинар на АА од извори блиски до Владата дознава дека канцеларот Шолц на 14 март ќе престојува во еднодневна посета на Анкара.

Предвидено е тој да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на разговори за билатералните односи и регионалните прашања.

Посетата ќе биде прва посета на Шолц на Турција од преземањето на функцијата на 8 декември 2021 година.

You may also like