Германската авио-компанија „Луфтанза”, воведува нови правила за патување

by Administrator

„Луфтанза” („Lufthansa”) следната недела ќе започне да прави брзи антигени тестови за корона вирусот во Германија (Germany), на сите патници.

Само оние чиј резултат е негативен или оние кои можат да дадат докази за негативен тест во претходните 48 часа ќе можат да се качат во авионот, објави денеска „Луфтанза” („Lufthansa”), пренесува „Ројтерс” („Reuters”).

Германската национална авиокомпанија ќе го примени тестот на два дневни лета меѓу Минхен (Munchen) и Хамбург (Hamburg) од 12 ноември наваму, за да испита како може да ја вклучи постапката за тестирање во постојана пракса пред полетувањето.

Авиокомпаниите ширум светот вршат притисок врз владите да ги укинат или олеснат мерките за карантин и другите ограничувања на патувањето и наместо тоа да обезбедат брзи тестови на аеродромите.


Dubai-Portal

Sputniknews

 

You may also like