Германија: Треба да започнат преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ

by Administrator

Министерот за надворешни работи на Германија, Хеико Мас, истакна дека треба да започнат преговорите за членство на Република Северна Македонија и Албанија во Европската Унија (ЕУ), јавува Anadolu Agency (AA).

Мас денеска во Берлин оствари средба со министерот за надворешни работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, по која се одржа прес-конференција.

Шефот на германската дипломатија говореше и за земјите од Западен Балкан.

„Северна Македонија и Албанија навистина постигнаа напредок. На овие земји треба да им понудиме убедливи ЕУ-перспективи и да ги започнеме преговорите за членство“, додаде тој.

Мас истакна дека оваа тема не е разгледана само во германската Влада, туку и во федералното Собрание.

Нагласувајќи дека од 1 јануари 2020 година Хрватска ќе претседава со ЕУ, додека Германија во втората половина на 2020 година, Мас рече дека затоа е важно овие две земји да имаат координација за темите кои се однесуваат на ЕУ.

Извор:АА

You may also like