Германија: Срушен воен авион на САД

by Administrator

Воен авион на војската на САД се сруши во зона меѓу подрачјата на Земер и Рот, во близина на германскиот град Трир, кој се наоѓа во близина на границата со Луксембург, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на полицијата, воен авион на САД се сруши во зона меѓу подрачјата на Земер и Рот, околу 15:00 часот по локално време.

Според неофицијалните информации, пилотот на овој авион, од типот F-16, се спасил откако катапултирал, и е пренесен во болница на лекување.

Се вели дека спасувачките екипи се упатени кон местото на настанот.

Сѐ уште не се знае дали има други повредени, а надлежните започнаа истрага за откривање на причината за оваа несреќа.

You may also like