Германија одобри десеткратно зголемување на извозот на оружје во Израел

by Administrator

Германската влада одобри испорака на оружје и воена опрема за Израел на домашни компании со вредност речиси десет пати поголема отколку во цела 2022 година, покажуваат податоците на Министерството за економија.
До 2 ноември Владата издала дозволи за извоз на оружје во Израел во вредност од речиси 303 милиони евра, покажуваат податоците што ДПА ги доби денеска од Министерството за економија, пренесува Хина.

Сумата е речиси 10 пати поголема отколку во цела минатата година кога беше одобрена испорака на оружје во вредност од околу 32 милиони евра.

Речиси 85 отсто од 218 извозни дозволи, од кои 185, беа издадени откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври.

„По нападot на Хамас врз Израел, германската влада, со оглед на моменталната ситуација, дава приоритет на барањата за извоз на воена опрема во Израел и нивно решавање“, соопшти Министерството.

Министерството за економија мора да одобри извоз на оружје во договор со Министерството за надворешни работи и Канцеларијата за контрола на извозот (БАФА). Во особено чувствителните случаи, во постапката е вклучен и германскиот Совет за безбедност.

Според доставените информации, проектилите и артилериските гранати сочинуваат околу шест отсто од одобрениот извоз, со вредност нешто помала од 19 милиони евра, наведува агенцијата ДПА.

Најголем удел во извозот има опремата како оклопни возила, воени камиони и заштитно стакло, со вредност на испораките од околу 284 милиони евра.

Во принцип, владата не објавува детали за испораките или конкретни информации за извезените производи, делумно со цел да го задржи идентитетот на производителот во тајност.

(Vijesti.ba)

You may also like