„Газпром“ ги испорача првите милијарда кубни метри гас, преку гасоводот „Турски тек“

by Administrator

ГАЗПРОМ ги испорача првите милијарда кубни метри гас преку гасоводот „Турски тек“, објави руската компанија.

Од нив, 540 милиони кубни метри отидоа на турскиот пазар, а преостанатите 460 милиони се испорачани на границата меѓу Турција и Бугарија, за европски купувачи.

Турскиот тек, е извозниот гасовод што се протега од Русија кон Турција преку Црното Море, со проектиран капацитет од 31,5 милијарди кубни метри гас годишно.

Снабдувањето со комерцијален гас започна на 1 јануари оваа година, а големата церемонија на отворање се одржа на 8 јануари.

Dubai – Portal – MBS

You may also like