Газа: 6 Палестинци уапсени, поради „нормализирање“ на односите со Израел

by Administrator

Шестмина Палестинци се уапсени под обвинение за „предавство“ и „нормализирање“ на односите со Израел“ во Појасот Газа (Gaza Strip) за одржување на видео конференции со израелски активисти.

Палестинците беа членови на младинскиот комитет во Газа (Gaza Youth Committee), кој го основаше и го водеше 36-годишниот Рами Аман (Rami Aman), кој беше уапсен во четвртокот минатата недела на двочасовен видео конференциски повик со израелски активисти, соопшти Министерството за внатрешни работи. Сепак, повеќе детали беа откриени од инцидентот и петмина членови на одборот исто така беа уапсени за учество во повикот преку Зум (Zoom).

Во двочасовниот повик, активисти од обете страни разговараа за нивниот секојдневен живот, нивните сличности и разлики и, наводно, изразија надеж за подобро политичко лидерство за Израелците и Палестинците.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Ијад Ал-Базм (Iyad Al-Bazm) рече: „Рами Аман (Rami Aman) и неговата група цело време биле под надзор на безбедносните служби. За жал, Рами се обиде да спроведе активности што ги кршат законите и културата и обичаите на нашиот народ“.

Пишува: „MEMO“ – Пренесува и преведува: „Dubai-Portal“

You may also like