Во Хрватска пронајдена огромна печурка тешка скоро два килограми

by Administrator

Сезоната на берење печурки сè уште не е завршена, за што сведочи и ова откритие на огромната печурка, објави порталот „Индекс.хр“.

Имено, Јулија Чесарец завчера на Папук, Хрватска, пронашла огромна печурка тешка дури 1.928 килограми.

Дијаметарот на несекојдневната печурка изнесувал дури 36 сантиметри.

Здравствените придобивки од јадење печурки се навистина многубројни, а познато е дека, меѓу другото, тие го зајакнуваат имунитетот, можат да го регулираат нивото на гликоза во крвта, но исто така се богати со многу хранливи материи, како што е корисниот витамин Д. Истовремено содржат малку калории, па се препорачуваат за оние што сакаат да ослабат.

Index

You may also like