Во последните две недели во Авганистан убиени 69 цивили

by Administrator

КАБУЛ (АА) – Во последните две недели во Авганистан се убиени 69 цивили во нападите извршени од страна на талибанските милитанти, јавува Агенција Анадолија (АА).

Тарик Арјен, портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи, соопшти дека милитантите во последните две недели на целата територија на земјата извршиле 650 вооружени и бомбашки напади.

Арјен информираше дека во овие напади животот го загубиле 69 цивили, а дека 141 цивил се ранети.

Талибанската страна засега не даде никаква изјава во врска со изнесените податоци.

Anadolu

You may also like