Во Пакистан јавно бесење за убијците на деца и силувачите

by Administrator

Националното собрание на Пакистан со мнозинство гласови донесе резолуција во која се повикува јавно да бидат обесени лицата осудени за убиство и за сексуално злоставување на деца.Резолуцијата беше претставена од министерот за парламентарни прашања, Али Мухамед Кан, а донесена од сите пратеници, освен Пакистанската народна партија (ППП).

„Убијците на деца и силувачи не треба да добиваат само смртна казна со бесење, туку треба и јавно да се обесат, изјави Кан.

Последните години Пакистан беше погоден од серија злосторства на злоставување деца. Еден од најпознатите случаи беше убиството на седумгодишното девојче Заинаб Ансари.Девојчето пред две години беше грабнато, по што беше пронајдено силувано и убиено во близина на градот Лахоре.

Politika/Makfax

You may also like