Во операцијата „Шепа“ на северот на Ирак, досега се неутрализирани 22 терористи

by Administrator

(Дубаи – Портал) – Во операцијата „Шепа“ („Pençe“) на северот на Ирак која што започна на 27 мај се неутрализирани вкупно 22’јца терористи припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Бројот на вкупно неурализираните терористи во операцијата „Шепа“ („Pençe“) која продолжува во северниот дел на Ирак досега изнесува 22.

Операцијата „Шепа“ во областа Хакурк на северот на Ирак која што започна на 27 мај, продолжува со сиот интензитет.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека во операцијата која што продолжува како последно се неутрализирани уште тројца сепаратистички терористи на ПКК.

На тој начин вкупниот број на неутрализирани терористи досега се зголеми на 22.

Во засолништата и пештерите во кои се кријат терористите во областа Хакурк во рамките на операцијата „Шепа“  („Pençe“) се запленети и големи количини муниција за тешко и лесно оружје, како и материјали за обезбедување на животните потреби на терористите.

Mahir Demişoski

You may also like