0
Раководителот на одделот за односи со јавност на иранското Министерство за здравство во понеделникот објави дека 14.991 Иранци биле заразени со коронавирусот СОVID-19, при што починале 853 лица.
Кијануш Јаханпур исто така рече дека досега се опоравиле 4.996 заразени Иранци.
Официјалниот претставник посочи дека бројот на лаборатории за дијагностицирање на болеста достигна 56 во Исламската Република.
Иран презеде голем број мерки за да го спречи ширењето на болеста, од затворањето на училиштата и универзитетите до откажувањето на културните и верските собири. Властите, исто така, постојано ги дезинфицираат и чистат јавните места, јави државната новинска агенција ИРНА.
(Вијести.ба / ФЕНА)
