Во Германија има се повеќе џамии кои добиле дозвола од локалните власти преку разглас да пуштаат езан во ек на борбата против глобалната пандемија на коронавирусот.
Вупертал е само еден од градовите каде властите дозволија учење на езан за поддршка на муслиманите во деновите на борбата против коронавирусите.
Така, со посебна дозвола на локалните власти, вкупно 13 џамии и исламски центри во овој град за прв пат преку разглас беше пуштен езан.
Претставници на муслиманската заедница Вупертал најавија дека дозволата за емитување на езан ќе важи до 19 април.
Во овој германски град со население над 350.000 живеат значителен број муслимани, особено Турци.
Претходно, беше донесена слична одлука во многу други германски градови, по што беше објавуван езан за време на џума-намаз и акшам-намаз преку звучници во околу 100 џамии.
Инаку, поради пандемијата на коронавирус, колективните молитви се прекинати во џамиите и другите места на богослужба во Германија, како и во многу други земји во светот.
Извор: Анадолија
