Возач со автомобил удрил во портата на Големата џамија во Мека

by Administrator

Возачот на автомобилот рано во саботата удрил во една од надворешните врати на Големата џамија во Мека, пренесува новинската агенција СПА.

Видеата на социјалните мрежи покажуваат сив автомобил кој пробива низ барикадите поставени околу надворешниот двор на џамијата пред да удри во една портите, пренесува Анадолија.

https://youtu.be/RLWmpZ4GAJI

Безбедносните власти започнаа истрага за инцидентот. Возачот е уапсен и е испрашуван, но тие не дадоа повеќе детали.

Нема информации за повредени лица.

You may also like