Виена: Мајка и две ќерки близначки починале од глад

by Administrator

(Дубаи – Портал) – 45 годишната Србинка Весна М. и нејзините 18 годишни ќерки близначки, се пронајдени мртви во станот во кој живееле во Виена.

Нивните тела се пронајдени два месеца по смртта, обдукцијата покажала дека сите три починале од глад.

Мајката имала психички проблеми и сама се грижела за своите хендикепирани ќерки.

Полицијата утврдила дека првин починала Весна, а потоа нејзините ќерки кои веројатно не успеале да се јават никому или да излезат од станот поради нивната здравствеена состојба. Тие биле екстремно неухранети.

Пред да се разведе од својот сопруг, Весна трпела физичко и психичко малтретирање.

Mahir Demişoski

You may also like