(ВИДЕО) Југо кое има 650 коњски сили и погон 4×4

by Administrator

Група ентузијасти за автомобили од Грција претставија импресивен проект за тјунинг на YouTube во кој го подигнаа Југото до дури 650 КС. Под хаубата се наоѓа добро познатиот атмосферски 1,6 16V мотор на Fiat Bravo, чија зафатнина е зголемена на 1,8 литри и поставен е турбо полнач.

Се разбира, списокот на модификации е речиси бесконечен. Заедно со монтажата на турбополначот, потребно е да се сменат клиповите, спојните прачки, системот за довод на гориво, инјекторите, да се вгради интеркулер… Преносот на моќноста е позајмен од Lancia Delta Integrale, така што Yugo ги испраќа сите 650 КС до базата преку сите четири тркала. Најдоброто време постигнато на 402 метри е 10,7 секунди.

Погледнете го видеото подолу…

 

You may also like