(Видео) Словачка: “Тркачи“ престигнувале на полна линија и удриле во автомобил со семејство

by Administrator
Словачката полиција на фејсбук објави фотографии и видео снимка од  ужасна несреќа предизвикана од возачи тркајќи се со луксузни автомобили.
Возачите на “порше”, “ферари” и “мерцедес” со полски регистерски таблички дивееле по патот, возејќи со недозволена брзина, преминале преку полна линија и престигнувале, иако во непосредна близина веќе имало автомобили кои доаѓале од спротивна насока.
“Ферари-то” преминало преку полната линија и закочило, а “Порше-то” се забило во “Шкода фабија” во која имало семејство, а загинал таткото кој управувал со возилото.
Словачката полиција го уапсила 27-годишен возач на “Ферари-то” и 26-годишен возач на Мерцедес-от, и сеуште го бара возачот “Порше-то”.
Извор:faktor

You may also like