(Видео) Патнички авион се урна во езерото Викторија во Танзанија, спасени 29 патници

by Administrator

Најмалку 26 лица се спасени откако патнички авион денес утринава се урна во езерото Викторија во Танзанија. Во авионот „Прецишн ер“ имало 43 лица – 39 патници, двајца пилоти и двајца други вработени, изјави регионалниот комесар Алберто Чаламила.

Според него, во тек е спасувачка операција. Танзанските власти допрва треба да потврдат дали има жртви. Во кусото соопштение „Прецишн ер“ соопшти дека авионот летал од Дар ес Салам до Букоба. Авионот се урна во езерото Викторија околу 10:50 часот по локално време. Аеродромот Букоба се наоѓа на брегот на езерото, а местото на несреќата е на само неколку стотини метри од пистата, соопштија локалните власти. Видеата што кружат на социјалните мрежи го покажуваат потопениот жолто-зелен трупот на авионот опкружен со чамци за спасување.

You may also like