ВИДЕО: Како се прави електричен Mercedes EQA!

by Administrator

Германскиот производител минатата недела го претстави кросоверот EQA , како електрична алтернатива на конвенционалниот Mercedes GLA. Првата варијанта што ќе се појави на пазарот е EQA 250. Има 190 „електрични коњи“ и максимален вртежен момент од 375 Nm. Силата се пренесува на предните тркала, а електричниот мотор се напојува од батерија од 66,5 kWh. Мерцедес проценува дека автомобил со полна батерија може да помине 426 км, додека според застарениот стандард за мерење NEDC, автономијата на возење достигнува 486 км.

После EQA 250, се очекуваат и други варијанти, со поголема моќност, но и со погон на сите четири тркала. Цената на Mercedes EQA, вклучувајќи ги и субвенциите, започнува во Германија од 38.540 евра. Подолу можете да видите како се прави овој автомобил:

You may also like