ВИДЕО: Запалени три полициски автомобили во Србија – протестите продолжуваат

by Administrator

Неколку стотици полициск службеници дополнително и жандермеријата на еден час по полноќ се наоѓа пред зградата на српското собрание.

Според инфомациите кои ги објави Ал Џезира Балканс, три полициски автомобили се запалени, а неколку полициски службеници се повредени.

Информацијата за повредени полициски службеници ја потврди и Владимир Ребиќ, како гостин во третиот дневен весник на РТС.

Ова е прв пат во осум години откако Српска Напредна Странка е на власт да има насилни протести во Србија. Ова е изненадување за српската политика, доколку ги анализираме претходните протести, кога речиси и воопшто немаше присуство на полиција.

За потсетување, протестите следуваа по говорот на претседателот Вучиќ, заради мерките за спречување на ширење на вирусот корона.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=B0uVTxz0-ds[/embedyt]

You may also like