Според Таквимот на Ријасет на Исламската заедница (ИЗ) во Македонија, вечерва, со акшам намаз, започнува новата 1442 хиџретска година. Првиот ден од новата година Хиџретска година е во четврток, 20.08.1202 година, односно 1-ви Мухарам од новата Хиџретска 1442 година.
Во оваа прилика, Потсетуваме на важноста на хиџрата, и дека муслиманите ширум светот секоја година се сеќаваат на хиџрата (преселувањето) на Аллаховиот Пратеник Мухаммед,а.с. од Мека до Медина, датум што означил пресврт во историјата на исламот и почетокот на муслиманскиот календар.
– Хиџрата беше и останува трајна инспирација во животот на секој муслиман маж и жена. Со себе носи порака за вредноста на татковината, безбедноста и слободата.
Овие вредности треба да ги ставиме на врвот на нашите заеднички приоритети и да се залагаме за нив во време кога нашите луѓе и татковината се соочуваат со бројни предизвици и искушенија.
Мухамед а.с., со својот пример, ги подучил луѓето дека слободата не му се дава никому без подготвеност да се одрекнување и жртвување.
– Мухамед а.с. нè научи дека овие цели може да се постигнат само преку жртвување и силата на верата. Затоа и почетокот на новата хиџретска година е можност да го обновиме својот завет пред Бога, а потоа и кон нашиот народ и татковина.
Во ова пригода изразуваме желба Семоќниот Аллах да им подари на муслиманите хармонија, да ги обедини нивните срца за добро, да ја зајакне заедницата, да ни подари просперитет и мир и да им го покаже на сите луѓе патот до среќата и успехот.
