ВЕСТ КОЈА ОДЕКНА ВО СВЕТОТ: Белорусија и Русија се обединуваат?

by Administrator

„Треба да ја интегрираме економијата, луѓето и сл. Апсолутно нема ништо што да не спречи. Напротив, треба да бидеме поблиску до Русија и тогаш ќе се решат политичките прашања. „Кога луѓето ќе видат дека веќе триесет години тапкаме во место во изградбата на Алијансата на две држави, тие поставуваат логично прашање: зошто?“, изјавил Лукашенко.

Тој изјави дека Белорусите ги сметаат сите Руси за свои браќа, потсетувајќи дека двете земји имаат исти корени. „Белорусите секогаш можат да се потпрат на нивниот постар брат – Русија. Во исто време, Русија знае дека, без Белорусија, би и било тешко со Западот “, додаде претседателот.

Што се однесува до рускиот претседател Владимир Путин, Лукашенко го смета за пријател со кого е секогаш во ист тим, како во спортот, така и во политичката арена. „Путин докажа дека не е само мој, туку и пријател на народот на Белорусија“, истакнал тој. Во едно интервју, претседателот на Белорусија најави дека нацрт-амандманот на Уставот на републиката може да биде подготвен до крајот на оваа година и може да биде усвоен на референдум. За тоа ќе се знае повеќе на Белоруското национално собрание, кое е закажано за февруари.

 

You may also like