Венецуела: Гваидо призна дека преговарал со Владата на Мадуро

by Administrator

Гваидо наведе дека делегациите се состанале во знак на почит кон норвешките власти кои вложиле големи напори за да се реализира состанокот.

(Дубаи – Портал) – Лидерот на опозицијата и самопрогласениот привремен претседател на Венецуела, Хуан Гваидо, призна дека во Норвешка преговарал со Владата на венецуелскиот претседател, Николас Мадуро, јавува Anadolu Agency (AA).

Венецуела од почетокот на годината е средиште на една од најдлабоките политички кризи во историјата на земјата, а лидерот на опозицијата Гваидо, преку соопштение, призна дека преговарал со властите на таа земја.

Претходно, Гваидо во повеќе наврати ги негираше наводите на медиумите за преговори.

Тој наведе дека делегациите се состанале во знак на почит кон норвешките власти кои вложиле големи напори за да се реализира состанокот.

Гваидо, исто така, наведува дека единствена цел на опозицијата е да го уништи „режимот“ на венецуелскиот претседател Мадуро.

Норвешките власти најавија дека наскоро во Осло ќе се одржи нова средба на делегациите на Владата на Венецуела и опозицијата.

Венецуела е зафатена со протести од 10 јануари оваа година, кога претседателот Николас Мадуро положи заклетва за втор мандат, по изборите кои ги бојкотираше опозицијата.

Тензиите ескалираа кога Хуан Гваидо, претседателот на Народното собрание на Венецуела, на 23 јануари се самопрогласи за вршител на должноста претседател.

Овој потег беше поддржан од Соединетите Американски Држави (САД) и многу европски и латиноамерикански држави. Турција, Русија, Кина, Иран, Боливија и Мексико го поддржаа Мадуро.

Mahir Demişoski

You may also like