Велосипедска трка: Стотици палестински деца против насилството во Газа

by Administrator

Стотици палестински деца учествуваа на велосипедска трка во Рафах, јужно од Појасот Газа. Трката била организирана од Палестинската асоцијација на женски комитети за поддршка на палестински деца. Целта била да се сврти вниманието кон насилството што Израел го извршува врз децата. Израелските напади на 10 мај врз опколениот појас Газа завршија на 21 мај, во согласност со договорот за прекин на огнот постигнат со Хамас.

Во израелските напади врз Газа беа убиени 254 Палестинци, од кои 66 деца и 39 жени. Нападите оставија траги и врз станбени згради, вклучувајќи училишта и здравствени установи.

You may also like