Бугарија воведе задолжителен двонеделен карантин за македонски државјани

by Administrator

Бугарското Министерство за здравство издаде наредба за задолжителен двонеделен карантин за лица од Северна Македонија кои ќе влезат во земјата.

Имено, како што јави БГНЕС, со истата наредба се укинува задолжителниот двонеделен карантин за граѓаните кои пристигнуваат од Босна и Херцеговина и од Црна Гора во Бугарија.

Двете промени се предложени од Главниот државен здравствен инспекторат на Бугарија по оценката на епидемиолошката состојба и ризикиот од ширење на Ковид-19 во Бугарија.

NovaTv

You may also like