Бројот на загинати од поплавите во Судан се искачи на 124

by Administrator

Бројот на починати од поплавите во Судан предизвикани од неколкумесечните обилни дождови се искачи на 124, се соопштува од Министерството за внатрешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).

Повеќе од 100.000 домови се делумно или комплетно неупотребливи како последица на поплавите.

Претходно овој месец, Советот за безбедност и одбрана на Судан прогласи национална вонредна состојба за период од три месеци и го прогласи Судан за зона на природна катастрофа.

Anadolu

You may also like