Бројот на жртви при уривањето на мостот во Џенова се зголеми на 22 лица

by Administrator

Бројот на жртвите при уривањето на мостот во италијанскиот град Џенова се зголеми на 22 лица. Според италијанскиот заменик- министер за сообраќај, Едоардо Рикси, бројот на жртви ќе продолжи да расте.Foto: EPA-EFE/Akcija spašavanja u Italiji

– Неприфатливо е толку важен мост да не биде изграден на начин за да се избегне ваков вид на колапс. Се урна централниот дел на надвозникот, а најмалку 20 возила паднале од мостот – изјави Рикси.

Италијанските власти наведуваат дека спасувачките екипи трагаат по преживеаните.

Италјанскиот премиер Џузепе Конте во текот на денот ќе пристигне во Џенова, најавија од неговиот кабинет каде ќе остане и утре.Foto: EPA

На местото на несреќата се ангажирани околу 200 пожарникари.

Извор:Мета/Фото:Агенции

You may also like