Брисел: Илјадници луѓе формираа човечки ланец, против климатските промени

by Administrator

Во неделата, во ценарот на Брисел, илјадници луѓе излегоа формираа човечки ланец,  држејќи се со рацете со цел да привлечат внимание на потребата за итна задничка акција против климатските промени.

Околу 2.400 луѓе учествуваа на мирни демонстрации околу белгискиот сојузен парламент и кралската палата, соопшти полицијата.

Двочасовната демонстрација се случи во време кога претставници на скоро 200 земји присуствуваа на Мадрид на конференцијата за климатски промени на ООН, (РКОНКП)COP25.

„Главната цел е да се побара поголема климатска амбиција и федералната влада да се справи со климатската криза“, рече Џули Ван Хутрив, портпарол на еден од организаторите, на „Климатската коалиција во Белгија“.

„Ни треба солидарност и соработка меѓу владите и политичарите во Белгија“, рече таа.


Dubai-Portal / Reuters

You may also like