Белград: Синоќа повторно забележани инциденти

by Administrator

Четврти ден од протестите во Белград, поради најавата на претседателот Александар Вучиќ за воведување на полициски час и други рестриктивни мерки. Полициски час, сепак, нема, но демонстранстите и вечерва се собраа по улиците на Белград, каде го искажаа своето незадоволство од одлуките на властите во врска со пандемијата со коронавирусот.

Граѓаните се лутат поради тоа што пред изборите не беа најавени никакви мерки, и државата убедуваше дека се е под контрола, за после избори нагло да скокнат бројките, и најави дека ќе има нови рестрикции.

И покрај помалиот број на демонстранти, сепак, забележани се мали инциденти како што сте фрлање на пиротехнички средства и тврди предмети. Полицијата одземала и неколку молотовки коктели и маски од страна на учесници на протестот.

TV21

You may also like