Безживотните тела на 30 луѓе со врзани раце пронајдени во училиште во Газа

by Administrator

Телата на 30 лица, со преврзани раце и очи, биле пронајдени во училиште во Беит Лахиа на северот од Појасот Газа.

Здружението на палестински затвореници во соопштение соопшти дека безживотните тела биле пронајдени во локално училиште претходно окупирано од израелските сили. Очевидци изјавија дека убиените имале превез на рацете и очите, што укажува дека се заробени. Здружението на палестински затвореници изјави дека ова е „јасен показател дека Израел ги погубил овие луѓе“.

Во соопштението се наведува дека израелските сили продолжиле со злосторствата геноцид и принудното затворање на луѓето во Газа веќе 117 дена. Дополнително, според сведочењата на Палестинците кои беа ослободени како дел од размената на затвореници, јасно е дека приведените биле подложени на малтретирање и тортура.

Здружението, исто така, нагласи дека Израел одбил да им даде какви било информации на организациите и институциите за човекови права, вклучително и меѓународните и палестинските организации, за судбината и локацијата на луѓето што досега ги приведувала, вклучувајќи ги и луѓето во Појасот Газа.

 

You may also like