Бајден ќе се обрати по повод пучот во Мјанмар, а се очекува да бидат објавени и санкции

by Administrator

Претседателот Џо Бајден денес ќе даде изјава за одговорот на САД на воениот удар во Мјанмар од 1 февруари, соопшти Белата куќа. Бајден се очекува да објави воведување санкции за одговорните за насилното преземање, рече лице блиско до темата.

Соединетите држави веќе ги нарекоа акциите на армијата на Мјанмар удар, предизвикувајќи ограничување на помошта за таа земја, а Бајден се закани дека ќе воведе нови санкции, пренесува Ројтерс.

(Вијести.ба / ФЕНА)

You may also like