2
Еврејски активисти, кои ја обвинија израелската влада дека извршила масакр во Појасот Газа, одржаа протести во Тел Авив и повикаа на прекин на огнот.
Група од околу 300 луѓе се собраа во близина на израелското Министерство за одбрана, извикувајќи антивоени слогани.

Подоцна, демонстрантите маршираа и носеа транспаренти на хебрејски, арапски и англиски јазик: „Стоп за војната“, „Решението не може да биде војна или убивање“ и „Ако сакаме мир, мора да ја надминеме спиралата на насилство“.
Иако израелската полиција беше забележана како презема мерки на претпазливост во областа, немало никакви интервенции против демонстрантите.

