Американска пејачка, конвертит, Џенифер Грут, беспрекорно убаво проучи дел од Кур’анот

by Administrator

Натпреварувачката на „Арабија има талент“ („Arab’s Got Talent“), Џенифер Грут (Jennifer Grout), која во 2014 година беше на многу насловни страни, со нејзиното преминување во ислам, повторно е во центарот на вниманието.

Американскаа пејачка се сними како беспрекорно убаво рецитира стихови од „Светиот Куран“.

Во видеото се гледа како Џенифер беспрекорно рецитира „Ајат Ул-Курси“ (“Ayat Al-Kursi”).

https://www.facebook.com/gulftoday/videos/452719298991092/


Таа е номинирана за наградата Шарја („Sharjah“) за промовирање на арапската култура и продолжува да се стреми да служи како мост меѓу Америка и Блискиот исток преку нејзината длабока љубов кон музиката.

Џенифер потекнува од семејство музичари и ја започна својата уметничка кариера како класична пејачка.

По потекло од Бостон, студирала на „Лонги“ („Longy“) школата за музика и Факултетот за уметност во Волнут „Хил“ („Walnut Hill“)

Таа се пресели во Канада за високо образование. Во Монтреал таа разви голем интерес за арапската музика и научи како да свири на арапската лата и почна да ги слуша познатите арапски пејачи како „Феируз“ („Fairuz) и „Оум Калтум“ („Оum Kalthoum“)

Во 2013 година, таа имаше можност да се појави на арапската песна на натпреварувачкото шоу „Арабија има талент“, пеејќи песни од „Оум Калтум“ и „Асмахан“ („Asmahan) и успеа да го достигне второто место. Таа продолжи да учествува на повеќе фестивали и претстави во различни земји низ светот, вклучувајќи ги Либан, Дубаи, Кувајт, Тунис, Мароко, Канада, Катар и САД.

Џенифер неодамна започна проект со ансамблот „Тахт“ во Бруклин исклучиво со Тараб музика.


Dubai-Portal / FB: Arab’s Got Talent

You may also like