Азербејџанската Армија собори две беспилотни летала на Ерменија

by Administrator

БАКУ (АА) – Азербејџанската Армија соопшти дека соборила две беспилотни летала кои припаѓаат на Ерменија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на Министерството за одбрана на Азербејџан, едното ерменско беспилотно летало е соборено при извидување на азербејџанските позиции во регионот Агдам.

Министерството наведува дека азербејџанските војници собориле уште едно беспилотно летало на Ерменија кое вршело извидување во регионот Товуз на граничната линија.

Anadolu

You may also like