Мнозинството на ирански Курди се сунити, па јасно се настојува да се докаже дека постои силна дискриминација на сунитите во шиитски Иран. Меѓутоа доколку се гледа по религиската припадност, сунитските Курди немаат проблеми во извршување на своите молитви, образување или одржување на традиционални верски обичаи. Сунитските студенти се подучуваат на својата религија во склад со сопствената верзија на историјата, а во градовите на ирански Курдистан, па и во провинциските центри постојат големи џамии. Во иранскиот парлемент седат дваесет сунитски представници, а тројца сунити се членови на Советот стручњаци, одговорни за надзор и избирање на Врховни лидери иако ниту еден од тие сунити не е Курд. Главниот проблем на сунитите во Иран не е верски туку политички. Четири курдски побуни се случиле од 1922 до 1979 година. Сунитското прашање во Иран многу е чувствително, меѓутоа во курдскиот случај нипошто не е главно. Тоа повеќе се однесува на повезницата на иранските и ирачките Курди во настојувањето во некаков облик на обединување.
И денес се забележува таква поддршка. Додека Курдите во Ирак меѓусебно се караат околу самиот референдум, иранските Курди им порачуваат да останат обединети. Најстарата иранска курдска опозициска партија, Демократската партија на ирански Курдистан пораќала дека референдумот е неотуѓиво право на Курдите во ирачки Курдистан, а истата партија ги повикува своите членови и одредени пријатели на помош во имплементирање на ова историска одлука. Истата парија е левичарска организација која е забранета во Иран и повикува на сецесија и сепаратизам во Исламската Република. Во стварност, станува збор за организација која би можело да се нарече терористичка со оглед на тоа после Исламската револуција започнала герилска војна против новоформираната влада во Техеран. Курдскиот бунт траел од 1979 до 1983 година, а партијата потоа повторно предизвикала бунт од 1989 до 1996 година и судири со безбедносните сили во 2016. Во настојувањето да добие подршка од домашната и меѓународна јавност, како и легитимитет во своето делување, партијата најпосле се откажа од користење на насилството против граѓаните.
Меѓународното право во ова прашање полно е со дупки. Курдскиот народ, како сите други народи на светот, имаат право на национална самопределба и независнот. Меѓународната заедница би требало да го потврди тоа право и спречи оние кои таквото право им го загрозува. Меѓутоа, Курдите во Ирак веќе го остварија своето самоопределување. Имаат автонимија во внатрешноста на квазифедералната структура на Ирак и самите водат своја самоуправа. Во таа смисла, не е јасно што би значело самоопределување – сами да си ги раководат своите работи, или по било која цена да се прогласи независност. Очигледно е дека Курдите имаат право на самоопределување, ама тоа нужно не значи и псоедување на сопствена држава.