
Во Турција сега речиси има блиску 3 милиони сириски бегалци. Што повеќе се продолжува граѓанската војна во соседната земја, тоа ќе биде исторемено и се погилем број на луѓе кои ќе сакаат да ја напуштат Турција и заминат во европските земји. Првата причина за напуштање на Сирија е безбедноста, а сега сё повеќе нагло се зголеми и надежта за примирје и крај на граѓанската војна во ова земја. Засега Сиријците не сакаат да се вратат, сметаат дека за себе и своето семејство можат да обезбедат подобар живот. Тоа не го сметаат за можно во Турција, иако турската влада постојано превзема мерки како би го намалило страдањето на сириските бегалци и спречи нивното движење кон Европа. Овде пре се мораат да се напоменат и активностите на Труските власти кои имаат обезбедено најсовремени прифатни места (кампови) во најсовремени објекти, а истовремено се превземаат и мерки за нивно дообразување и школување со отварање на нови училишта, како и запишување на студенти.
Меѓутоа, во сето ова Турција е осамена. Како што напоменавме претходно горе, сеуште колку за пример се чувствува недостаток на училишта за децата. Турската влада се обврза да отвори нови десет обрзовни центри во центарот на регионот Рејнали, близу сириската граница, каде живеат околу 65 илјади Сиријци, меѓу кои и 40 илјади деца. Овој потфат помага, ама само до одредена мера. Речиси половина милион деца во Турција не добиваат никакбо образование. УНХЦР го координра регионалниот план за бегалците и итно ја повикува меѓународната заедница да ги овозможи фондовите кои ги вети. До сега агенцијата на ОН остварила само 33% од зацртаниот план и цел.
Во јануари 2016 година Турција вети дека ќе отвори пазар на трудот за сириските бегалци. Министерот за европски прашања Волкан Бозкир о таа прилика изјавил дека Турција се обидува да го намали притисокот на илегалната миграција давајќи им на Сиријците турски дозволи за работа. Сепак, тие мерки претставуваат еден вид на крпење на дупките низ кои Сиријците најчесто се провлекуваат. Турската заштита, по дефиниција е привремена, притоа не постојат и закони кои Сиријците или било кои други бегалци кои пристигнуваат во Турција, ги признава како бегалци, и од тука не можар да добијат дозволи за постојан претстој. Турција тука се држи до својата географска ограниченост од Конвенцијата од 1951, која се однесуа на статусот на бегалците. Според ова конвенција Турција прима и ги признава само бегалците кои пристигнуваат од европските земји !
Колку и би било чудно, географското ограничување и понатаму е на сила, и без сомневање ќе остане и во следните години. Заради тоа секој напор при сопирањето на бегалскиот бран кон Европа се дожививува како залуден. Токму во тоа подрачје постигнат е договорот на Турција и Европската унија во ноември 2015. ЕУ се обврзала на Турција да и даде три милијарди евра за подобрување на условите на Сиријците во Турција,а за возврат туркста влада да се обиде да го спречо минувањето на бегалците кон Европа. Таквиот договор однапред е осуден на пропаст, Турското крајбрежје е големо и вовлечено, со безброј мали и скриени ували од каде се тргнува на опасно патување спрема грчките острови. Во стварност овој договор може да доведе до зголемување на смртноста при преминување на морето, бидејќи најкратко и најчесто рутите ќе бидат под посебен контрола на турските крајбрежни сили, па од тука тоа ќе ги антера бегалците да тргнат по долгите и опасни рути.