Како што пренесуваат руски извори, Катар е на “високо ниво на преговори” со Русија за купување на напредниот против-воздушен систем С-400.

Информацијата беше потврдена и од страна на амбасадорот на Катар во Русија, Фахад бин Мохамед Ал-Атијах, во разговор со руските медиуми.

Катарскиот амбасадор изјавил дека договорот за воена соработка – потпишан од Москва и Доха во октомври минатата година, за време на посетата на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу – го отвори патот за разни договори, вклучувајќи го и купувањето на оружје и обука на војници.

Од Катар потврдуваат дека не се заинтересирани само за С-400, туку и за други руска воена опрема.

Потсетуваме, од регионот на Блискиот Исток, две земји веќе го потврдија купувањето на S-400 системот, Саудиска Арабија и Турција.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here