Илјадници луѓе во Куала Лумпур ја дочекаа новата 2018 година, објави Агенцијата Анадолу (АА).
Бројните жители се собраа пред симболот на Куала Лумпур кулата Петронас. Кога стрелките покажаа на полноќ, уследил огнометот во центарот на градот.
Околу градот биле организирани концерти, а имало и такви кои одлучиле во новата година да влезат во религиозен амбиент.
На сличен начин Новата година беше дочекана и во Џакарта, Индонезија. На плоштадот Бундаран HI се собрале во десетици илјади луѓе кои одлучиле со добро расположение да опростат од 2017 година.
Индонежаните заедно со музика и танц продолжиле со прослава ширум градот.
Популарните делови на Пекинг беа украсени во согласност со празничното расположение, и на секој чекор можело да се забележат големи толпи во трговските центри и угостителските објекти.
Од друга страна, во Кина е обележува со Кинеската Нова година, која ќе започне оваа година на 16-ти февруари. Оваа година, Кинезите зад себе ќе ја остават годината на петелот и ќе влезат во годината на кучето.
Извор:(Vijesti/ AA)









