Весникот Egypt Today објави дека синот на Муамер Гадафи, Саиф ал-Ислам, ќе учествува на претседателските избори во Либија, кои ќе се одржат во средината на 2018 година.
Се очекува наскоро да биде објавена и програмата на новиот. Конкретно, Саиф Ал Ислам и неговите блиски соработници изразуваат надеж дека Либија, со помош на Обединетите нации, ќе стане стабилна држава, со акцент на потребата за зајакнување на врските меѓу сите социјални и воени фракции во земјата. Се разбира, исклучувајќи ги терористичките групи.
Синот на Муамер Гадафи шест години беше затвореник на бригадата “Абу Бакр ал-Сидик” од Зинтан, предводена од полковникот Ајми Ал-Атири. Милициите на Зилтан на Саиф Ал Ислам го ослободија врз основа на општата амнестија што ја прогласи либискиот парламент во Тобрук.
Да напоменеме и тоа дека извор на информацијата е весникот Egypt Today “, кој околу 40 години и се работи за весник со сигурни извори во врвот на владините и разузнавачките структури на земјата.
Извор:logicno









