
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу ова недела ќе го посети Иран, потврдено е од неговата канцеларија. Тоа ќе биде посета на две соседни земји каде ќе имаат можност да разговараат за своите поприлично различни ставови во однос ситуацијата во Сирија. Иако веќе низа на години односите помеѓу Турција и Иран се коректни, па во некои аспекти па дури и партнерски, факт е дека овие две регионални сили се наоѓаат на дијаметрално спротивни страни кога станува збор за војната во Сирија.
Иран задно со Русија, ја подржува сириската власт, додека Турција, заедно со поедини регионални земји и Западни сили, ги подржува анти-владините милитанти на теренот. Меѓутоа, Турција веројатно оди чекор понатаму од другите, – имено бројни извори сугерираат дека Турција наводно го “подржувале“ ИСИЛ. Турскиот премиер Давутоглу во посета на Иран ќе биде на 4 и 5 март.
Извор: www.reuters.com









