
Кога зборуваме за комплексните односи на денешната меѓународна сцена, тогаш оние помеѓу Русија и Катар секако се едни од најкомплексните. Пред да се посветиме на актуелностите, средбата на Путин со катарскиот емир во Москва, и другите детали кои ги осчинуваат овие комплексни односи, ќе се осврнеме на историјата на односите помеѓу Русија и Катар.
Како и поголемиот број на други земји во овој регион. Катар исто така е една од земјите која настанала со распаѓаето на Османлиското царство. Британија после Првата светска војна ја презела контролата над овој простор – на власт тогаш било семејството Тани, кое на власт е и ден денес. Катар политички морал да се покори на Лондон, додека Британија за завозврат на Катар му гарантирала било каква одбрана од надворешни или внатрешни закани,.
Се разбира, тоа е период во кој сеуште не била откриена катарската нафта. Таа ќе биде откриена во 1939 година, ама експлоатацијата ќе започне после Втората светска војна. До тогаш влијанието на Британија значително ќе ослабне, особено после осамостојувањето на Индија и Пакистан во 1947 година.
Арапите , кои на тој простор претежно се занимавале со рибарство, сега сфатија дека се наоѓаат над огромен басен-богатство и дека би било добро Британците што побргу да се истераат од територијата. Притисокот започнал да се зголемува, меѓутоа требало да помине уште некое време пред Британија доволно да ослабне.
За кратко време Катар на 3.септември 1971 година прогласува независност. Меѓутоа, сега без заштита од Британија морала да пронајдат нов добавувач на оружје и сега добавувачот го пронаоѓаат во Франција, а подоцна развиваат и блиски односи со САД.
На просторот на Катар се наоѓа најважната американска воена база во регионот- базата Al Udeid. Интересно е да се напомене дека порано, односно раните 90-те години, американските воени авиони се наоѓале во Саудиска Арабија, во воздушната база Принц Султан.
Меѓутоа, на почетокот на овој век тргнува префрлувањето во Катар, а тој процес значително се забрза после нападите на САД на 11.септември. До почетокот на американската инвазија на Ирак, сите американски воени завиони, персоналот и другата опрема, префрлени се од Саудиска Арабија во Катар.

Со други зборови малечкиот Катар воено се обезбедил, себе си и своите ресурси, поврзувајќи се со водечките воени сили на Западот. Во исто време во Катар политичкиот и општествениот систем е нешто помалку поблаг од оној во Саудиска Арабија, што значи дека е крајно авторитарен и дека понекогаш се кршат и човековите права, меѓутоа тоа на Западот не му смета, бидејќи истиот тој постојани ги крши таквите права. Сосема е јасно дека овие земји благодарение на своите ресурси можат да бидат иземени од острите Западни критики.
Во Катар во текот на неколкуте години наназад имало внатрешни немири, односно раскол во семејството Тани, каде понекогаш и синовите ги соборувале татковците. Меѓутоа, и покрај Тоа, Катар остана релативно стабилен и економски напреднувал благодарение на нафтата, ама и гасот – имено на нивниот простор се наоѓа и најголемото поле на гас во светот.
Својата јасна про-Западна надворешнополитичка ориентација ја покажаа во 1991 година, кога одиграа важна улога во сојузничките напади на Ирак. Нивните тенкови им дале подршка на саудиските сили против ирачките сили во битката кај местото Кафи. Понатаму, Катар му дозволи на САД, Франција иКанада да ја користат нејзината територија за операции против Ирак.
Слично се случи и нешто подоцна, 2003 година, кога во Катар се наоѓаше главната американска команда за покренување на инвазија на Ирак. Во 2011 година Катар се вклучува и во војната во Либија, давајќи му вооружена подршка на либиските милитанти.
Во септември 2013 година катарски емир станува Sheikh Tamim bin Hamad Al Thani, откако неговиот татко абдицира. Неколку месеци подоцна трите заливски земји- Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, ги повлекуваат своите амбасадори од Доха во знак на протест односно катарската подршка на Муслиманските Браќа.
Тука доаѓаме и до главниот спор кај овие нафтени монархии.Имено Катар е единствен кој со години отворено ја подржувал организацијата на Муслиманските Браќа. Станува збор за меѓународна сунитска организација која има приврзаници речиси во сите муслимански земји, меѓутоа властите на истите земји, најчесто се плашат од нив, бидејќи во нив гледале сериозна закана за нивното владеење.
Кој ги подржува МБ? Пред сё Турција, а од арапските земји само Катар. МБ успеаа за кратко да направат чудо со вреземањето на власта во Египет и соборувањето на Хосни Мубарак, меѓутоа нивниот претседател , Мохамед Морс, набрзо е соборен по недемократски пат од страна на воениот командант Сиси, кој сепак добил силна подршка од Саудиска Арабија. Дали западот ги подржува Муслиманските Браќа? Во одредена мера да, особено администрацијата на Обама која во некоја рака, за нив извела смена на режимот во Либија, меѓутоа подоцна тој проект се распадна.
Катар денес тврди дека не му дава подршка на МБ и тоа до некаде е правило за односите со соседите. Понатаму, Катар и денес учествува во воените напади во Јемен заедно со Саудиска Арабија. Сепак, засигурно е тоа што земјите од регионот сомнително гледаат на Катар и нејзините амбиции.
Имено, се додека Саудиска Арабија, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати се држат заедно, Катар постојано покажува дека сака да игра на своја рака, а прашање е до кога тоа ќе му биде дозволено.Тоа не се посебно големи исклучоци, колку да нема забуна, во 90% случаеви Катар ја следи истата линија како и другите богати сунитски монархии, па дури и тогаш кога се чувствува ривалство. Колку за пример во Сирија- двете најголеми заливски сунитски сили , Катар и Саудиска Арабија, двета сакаат да го соборат претседателот Асад од власт и двете ги подржуваат групите кои се борат против нив, меѓутоа не истите групи. Односн о Катар има свои групи на кои им дава подршка, додека Саудиска Арабија има свои, на кои таа им дава подршка.
Како во целава оваа комплексна ситуација се вклопува Русија? Се разбира, Катар како замја која сака да остави слободни насоки и излези, не може да ја игнорира Русија и да ја стави во трајна фиока на непријател, како што тоа го прави Саудиска Арабија.
За време на студената војна Катар се водел по примерот на Саудиска Арабија, и немале дипломатски односи со поранешен СССР, се до 1988 година кога се отвара советската амбасада во Доха и Катарската во Москва.
Во текот на годините имало доста затегнувања помеѓу Доха и Москва, најчесто зад кулисите. Според поедини извори рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин ги изгубил нервите кога во фебруари 2012 година, кога Катарскиот дипломат му изјавил дека Русија ќе остане без подршка од сите арапски земји заради помагање на сириските власти, а наводно Чуркин му одговорил: “ Ако продолжиш вака да разговараш си мене, Катар утре нема да постои“. А, подоцна Руските функционери ги отфрлиле овие медиумски натписи.
Кога зборуваме за односите помеѓу Катар и Русија тогаш треба да се напомене дека овие две земји се лути енергетски ривали. Имено, јасно е дека Катар сака смена на режимот во Сирија и тоа со причина, а таа причина е изградбата на гасоводот кој од Катар, преку Сирија би се префрлил до Европа. Со тоа е јасно дека, Катар сериозно го загрозува рускиот удел на енергетскиот пазар.
Имајќи го сетот тоа во предвид – Катар спрема сето тоа би требало да биде најголем геополитички непријател на Русија на целиот Блиски исток, уште поголем и од Саудиска Арабија, како на пример, не инсистирала на уривање на Гадафи и не ги подржувала Муслиманските браќа во Египет. ( Русите Муслиманските Браќа ги сметаат за терористиќка органзиација).
Тогаш од каде информациите за накакво пријателство помеѓу Москва и Доха? Непредвидливоста на надворешната политика уште еднаш доаѓа до израз.
Да започнеме по ред. Моќната организација IUMS ( Меѓународна Унија на Муслиманските Учењаци), која ја предводи познатиот сунитски учењак Yusuf al-Qaradawi (89),, стационирана во Доха, кон крајот на ова година објави отворено писмо во кое се наведува дека од сега тие “имаат позитивен став спрема Русија која покажала како ги подржува Арапите и муслиманите“.
Што представува сега ова? Писмо за подршка на Русија, која моментално ги бомбардира сите анти-фракции на Асад во Сирија? Писмото доаѓа од другата по сила вехабиска земја на Блискиот исток? Писмо кое е потпишано според некои политичари од страна на ’контра верзниот ’Qaradawi, кој пред неколку години наназа издаваше фетви барајќи да се убие либискиот лидер Муамер ел-Гадафи?
Се разбира дека ова изгледа чудно, како и деталите во писмото каде се истакнува дека за судбината на сирискиот претседател Асад ’ мора да одлучи сирискиот народ’ – а ова представува Руски став веќе, цели 5 години.
Исто така да споменеме дека IUMS, во стравност е многу силна организација коај собира најмалку 90 илјади влијателни муслимански научници од целиот свет, вклучувајќи ги и влијателните руски муслимански теолози од подрачјето на Северен Кавказ и околу Волга.
Меѓутоа, мора да се истакне и тоа дека како лидер на ова организација, Yusuf al-Qaradawi воедно е и духовен и идеолошки лидер на Муслиманските браќа, најголемата муслиманска организација на светот. Yusuf al-Qaradawi, бил протеран од Египет уште во 1963 година, од страна на тогашниот претседател Насер, бидејќи се обидувал да го “поткопа“ владејачкиот режи,“
Во Катар тој пронаоѓа засолниште и од тука ги планирал и изведувал сите чекори кои се одвивакле на регионот. Се верува дека наводно Yusuf al-Qaradawi бил еден од главните актери на познатата ’арапска револуција’-вклучувајќи ја и онаа во Египет, Тунис, Јемен, Либија и обидот во Сирија.
Се разбира, тој сам не може ништо, меѓутоа кога зад него стои некоја земја, како што е Катар, ситуацијата наеднаш се сменила. Колку да нема забуна, можеби Катар е замја со мала површина и број на анселение, ама сепак е ите како исклучително силна – имено се проценува дека 13% од резервите на нафта и плин се наоѓаат токму во Катар. Понатаму, Катар има најголем БДП по глава на жител во целиот свет, а дури 14% од населението на Катар се милионери. Се разбира, тоа создава еден немилосрден поиредок – околу 94% од работниците во Катар се странци, така да одредени странски медиуми, обидувајќи се да му наштетат на Катар шират дезинформации и лаги дека тамошните власти спроведуваат робовладетелска пракса.
Зборуваме за една од најсилните земји, а исто така не претерано е да се каже и за Yusuf al-Qaradawi еден од највлијателните луѓе на Блискиот исток, земајќи го во предвид и неговиот радиус на влијание во спроведувањето на неговите досегашни планови.
Значи што се крие? Може да биде сешто, ама ако добро размислеме, само еден одговор звучи како релевантен -изгледа дека Катар сватил дека наскоро ќе уследи меѓународна одмазда против оние кои го подржувале меѓународниот тероризам.
Уривањето на рускиот авион над Синај, 224 мрви. Теористичкиот напад во Париз, 132 мртви…. Некој ќе мора да одговара за ова, а Катар посакува тоа да не бидат тие. Имено, според некои непотврдени информации (шпекулации) се претпоставува дека сите пари кои доѓааат до терористите наводно доаѓале од Доха и Ријад, се разбира ова не е потврдено, а и според начинот на кој се шират информациите по квази медиумите тие и никогаш нема да се докажат, и од тука остава простор прстот да биде вперен вок овие две земји.
Живееме во еден многу чуден момент во кој во стѕварност сите веќе знаат сё, ама сеуште не дошол погодниот момент за јавно истакнување на истиот.
Деновите изминуваат, а дали катарското семејство е во паника, останува да се види. Според некои изгледа дека тие извршиле очигледен притисок вр Yusuf al-Qaradawi да напише писмо за подршка на Русија.
Кој сё ги подржуваше екстремистите во Сирија? А кој не. Започнувајќи од САД, па се до европските сили до Турција, Израел, Јордан, Саудиска Арабија и катар. Меѓутоа кога ќше дојде моментот за подмирување на сметките, сите на Блискиот исток ќе бидат спасени од САД, бидејќи Вашингтон со сите нив има специјаленоднос, освен можеби со Катар. И така изгледа, доколку дојде од казнување на некого нема подобар кандидат од малиот емират (Катар) во чиј процес ќе може да му се одземаат огромни ресурси, како и сцоевидна репарација за годините на “терористичкото дејствување“, а тоа му одговара на Западот како би воспоставил контрола и врз ова земја.
Се разбира, ако тој момент доаѓа, иделано е да се има некој силен партнер кој би им го чувал грбот. Дали тоа може да биде Русија? Тоа според некои би бил потег на очајници, а според некои и не, бидејќи и Русија сака смирување на односите со Катар, се разбира сметајќи и на некои свои интереси во овој дел на Блискиот исток. Притоа, Катар ова година треба да прослави 45 години од својата ензависност од страна Британија, а како ќе изгледа таа прослава, дали меѓу првите редови ќе биде присутен и Путин, останува да се види, кога ќе дојде денот на ова прослава.
Се на сё, пред неколку денови 18. јануари, во Москва се сретнале рускиот претседател Владимир Путин и катарскиот емир Таммим бин Хамад Ал Тани. Малку информации се познати за ова средба. Руските медиуми пренесуваат дека катарскиот емир пристигнал како би се состанал со Путин и разговарал за сириската криза и цената на нафтата. “Русија може да ја одигра одлучувачката улога во постоењето на стабилноста во овој регион“, изјавил Ал Тани. Додека пак Путин возвратил истакнувајќи дека Катар “претставува екстремно важен актер на просторот на Блискиот исток“.
Tammim bin Hamad Al Thani и Vladimir Putin
Катар сё до 2011 година дејствувал поприлично тајно, без некакви регионални амбиции. Меѓутоа со избувнувањето на така наречената Арапска пролет сё се измени и Катар на момент дошол до позиција наводечка сила на Блискиот Исток. Сето тоа богатство еден ден мора да се материјализира како политичка моќ, што е разбирливо, меѓутоа амбициите на Катар засигурно ги изненади на многумина.

Ипокрај голем број на нерешени прашања на релацијата помеѓу овие две држави, се поставува едно важно прашање, Што сака Путин да постигне со средбите ос катарскиот емир? Едноставно е, како што и самиот кажал, Катар е еден од најважните актери на Блискиот исток и јасно е дека нивните ставови ќе посакаат да се знаат. Дали е можно, Катар радикално да го променил својот став и дека катарскиот емир лично допатувал во Москва, како лично тоа би му го соопштил на претседателот? Можно е, руската воена кампања во Сирија силно да влијаела на сите актери во регионот, останува и ова да се потврди.
Една работа е јасна, дека Катар сепак има некаква намера. Сите актери на Блискиот истој, па дури и оние кои на Русија и нанале ’штета’, а Катар веќе со години ја преплавува Европа со својот LNG гас, што од друга страна не и одговара во еден дел од ваквиот развој и на руската страна.
На крај може да се каже дека една работа, драматичната ситуација во Сирија влегува во својата завршница, а после тоа Блискиот исток нема повеќе да биде ист, како по прашањето на военото сојузништво, така можеби и по прашањето на границите на поедини држави, додека некои ако сега направат погрешен чекор, би можеле дури и да ислезнат од картата.
Извор:dubai-portal/advance/reference:
Why Qatari Emir arrives to Moscow
http://www.pravdareport.com/video/21-01-2016/133120-qatar-0/
Russian Pres. Vladimir Putin meets with Qatari Emir in Moscow
http://www.presstv.ir/Detail/2016/01/19/446358/Russia-Qatar-Putin-Sheikh-Tamim-bin-Hamad-alThani/
Emir of Qatar has Paid a Visit to Russia
http://journal-neo.org/2016/01/20/the-emir-of-qatar-has-paid-a-visit-to-russia/
Moscow, Doha unanimous in desire to achieve stability in energy markets
http://tass.ru/en/politics/850448
Russia and Qatar: Diplomatic civility or rapprochement?
http://www.russia-direct.org/opinion/russia-and-qatar-diplomatic-civility-or-rapprochement
Calls for Jihad against Russia
http://alwaght.com/en/News/18804/Calls-for-Jihad-against-Russia
Three Gulf Arab states recall envoys in rift with Qatar
http://www.reuters.com/article/us-gulf-qatar-ambassadors-idUSBREA2413N20140305
Qatar embraces Wahhabism to strengthen regional influence
http://www.middle-east-online.com/english/?id=49555
International Union of Muslim Scholars Supports Russia’s Actions in Syria
http://in.sputniknews.com/world/20151120/1016476483/russia-syria-campaign-muslim-support.html
Now Qatar Wants to Make Nice With Russia
http://russia-insider.com/en/why-qatar-wants-make-friends-russia/ri11353
Why Qatar Wants “to Make Friends” With Russia
http://journal-neo.org/2015/11/20/why-qatar-wants-to-make-friends-with-russia/
Russia threatens to destroy Qatar?
http://www.albawaba.com/news/russia-threatens-destroy-qatar-412325











